Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Доделување на јубилејна плакета на Универзитетот „Св. Климент Охридски“

2025-03-07

Доделување на јубилејна плакета на Универзитетот „Св. Климент Охридски“

Како дел од настаните за одбележување на 80-годишнината од основањето на Црвениот крст во Македонија, на 6 март на Правниот факултет во Битола се одржа настан за промоција на платформа на ЦКРСМ со универзитетската заедница. На настанот Генералниот Секретар на ЦКРСМ д-р Саит Саити додели јубилејна плакета на Ректорот на УКЛО проф. д-р Игор Неделковски, во знак на благодарност за севкупниот придонес за развојот и поддршката во работата на Црвен крст.

„Идејата наша е да изградиме платформа за комуникација помеѓу Црвениот крст и Универзитетите во Македонија. Една обострана размена каде што крајниот бенифит ќе го имаат универзитетите, Црвениот крст и корисниците преку креирање нови услуги. Ова е една нова амбиција во нашата организација во обид да се прилагодиме односно да го совладаме оној простор кој ни се нуди во опшеството и еден ден да ги преземеме одговорностите ние како организација за да можеме да придонесеме во оваа држава сите во својот домен за да го направиме општеството поубаво место за живеење на сите. Ќе продолжиме и понатаму со другите универзитети во нашата држава“, изјави Генералниот Секретар на ЦКРСМ д-р Саит Саити.

За време на настанот се реализираше и панел дискусија  на актуелни општествени теми со универзитетската заедница и со Црвениот крст за давање на придонес во влијанија за градење на политики од општествен интерес. Панелисти на настанот беа Претседателот на ООЦК Битола Д-р Лилјана Ристевска, Проректорот на УКЛО, проф. д-р Горан Илиќ и студент на магистерски студии Данило Божиновски. Панелот беше модериран од страна на проф. д-р Никола Дуковски и проф. д-р Фадби Османи.

На настанот присуствуваа проректори, професори, студенти, волонтери на Црвениот крст кои имаа можност да се информираат околу Платформа за соработка на Црвениот крст со универзитетската заедница која нуди можност за студентите и наставниот кадар да земат учество во хуманитарни активности преку истражувачки и научни трдови и развивање заеднички програми и преокти во рамки на социјални-хуманитарните, здравствено-превентивните и подготвеност при катастрофи.

Настан претставуваше можност за претставување на платформата како и за споделување на иницијативите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ и Црвен крст на РС Македонија за продлабочување на соработката.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025